
Никола Јокиќ изминатава сезона ги надмина легендараните Чембрлен и Џабар!
Српскиот интернационалец изминатото првенство бил прв по пауза од повеќе од четири децении кој шутирал со просек поголем од 58-отсто во сезоната во која бил избран за МВП. Пред него тоа го имаат направено само Вилт Чембрлен во 1967 и 1968 година, како и Карим Абдул Џабар во 1980 година.
Јокиќ, сепак, е подобар од двете големи легенди бидејќи до ваквиот шутерски процент дошол со поентерски просек поголем од 25 поени. Србинот минатата сезона ја заврши со 27,1 просечно реализиран поен со 58,3-отстотна прецизност од поле.