Неправдата е исправена: Дончиќ и официјално поканет на олстар-мечот во Шарлот! (ФОТО)

Словенечката кошаркарска сензација, Лука Дончиќ, ќе биде дел од претстојниот меч на „сите ѕвезди“ во НБА-лигата, откако дополнително доби покана за настап на неделната средба во Шарлот на која ќе се појават сите најдобри светски кошаркари во моментов.

Тинејџерот кој во само неколку месеци урна голем број рекорди во најсилната лига на светот „влета“ на местото на Антонио Дејвис, кој се повреди во синоќешната победа на Њу Орлеанс пеликанс над Оклахома сити тандерс. Веста за неговото дополнително повикување предмалку официјално ја објави неговиот тим Далас маверикс.

Со ова е исправена голема неправда, со оглед што Дончиќ беше меѓу кошаркарите со гласови од фановите и кому само за малку му побегна место во стартната петорка. Потоа, тој беше прекокнат од тренерите што наиде на голема осуда во јавноста, но сега работите си доаѓаат на свое место, па Словенецот ќе се најде на спектаклот кој традиционално го следат стотици милиони ширум целиот свет.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

#LukaMagic✨ at #NBAAllstar

A post shared by Dallas Mavericks (@dallasmavs) on

Засега не е познато дали тој ќе настапи и на утрешната средба „Ѕвездите во подем“ како што претходно беше предвидено, или, пак, ќе чува сили за главната средба.