НБА не простува: Кошаркар на Клиперс го „олеснија“ зашто фрли топка во публика (ФОТО)

Лос Анџелес Клиперс славеше на отворањето на НБА-сезоната против градскиот ривал Лејкерс, а по победата нивниот кошаркар Патрик Беверли реши да ја фрли топката од мечот во публика како сувенир, по што си доби и казна.

Раководството на НБА-лигата не му го прости потегот на бекот, па Беверли ќе мора да си плати казна во висина од 25.000 долари.

„Навивачите беа одлични и едноставно сакав да им ја подарам топката. Се извинувам“, напиша Беверли.