НБА-кошаркар стана српски зет, иако на својата жена ѝ понуди милиони за да абортира

Пол Џорџ реши да се венча со поранешната српска стриптизерка Даниела Рајиќ, која се пофали преку социјалните мрежи дека конечно ќе влезе во брак со НБА-ѕвездата.

Еден од најдобрите американски кошаркари има три деца со Даниела, а веридба направија пред една година, но нивната врска ја одбележаа неколку контроверзи

Даниела остана бремена, а Пол тврдеше дека тоа не е негово дете и нудеше милиони за абортус, но српската стриптизерка реши да му возврати со тужба.

По драма долга неколку години, Даниела и Пол се смирија, по што добија уште едно девојче во 2017 година.