НБА-кошаркар не сакаше да клекне при изведување на химната! (ВИДЕО)

Крилниот кошаркар на Орландо, Џонатан Ајзак, кој е роден во Њујорк, стана приот НБА-кошаркар кој одбил да клекне при изведување на химната во Орландо.

Ајзак за разлика од останатите кошаркари, тренери и судии, остана на нозе и не сакаше на тој начин да го поддржи движењето против расизмот во САД.

На социјалните мрежи неговиот коментар предизвика голем број реакции, иако имаше и многумина кои го осудија, сепак имаше и такви кои сметаат дека Ајзак има право да го покаже својот став.