Навивачите на Денвер го прогласија Ембид за „исчезната личност“ (ФОТО)

Центарот на Филаделфија, Џоел Ембид не настапи на мечот против Денвер, а тоа го искористија навивачите за да ја истролаат големата ѕвезда.

Ембид не излезе на паркетот да се соочи против Јокиќ, кој му е најголем конкурент за МВП-наградата, а навивачите го прогласија Џоел како „исчезната личност“.

„Нема МВП трофеи, не бил стартер на Олстар-меч, висок. Последен пат забележан во Денвер во 2019 година...“, пишуваше на листот со кој се „бара“ Ембид.