На Дончиќ му е гајле за бројките зад неговото име: Победите се главни!

Словенечката тинејџерска ѕвезда во НБА, Лука Дончиќ нема сомнение дека е прв фаворит за наградата најдобар дебитант во сезоната, особено што игра неверојатно во својата прва сезона во НБА и веќе го воодушеви целиот свет.

Дончиќ синоќа за малку не стигна до трипл-дабл ефект, но затоа со три потега во завршните 90 секунди ја реши Минесота, па на својот Далас Маверикс му донесе победа со 119-115. И после новиот фантастичен ефект во кој даде 29 поени, Дончиќ не се возбудува премногу за бројките зад неговото име.

„Тоа (бројките – н.з.) не се нешто што посебно ме возбудуваат. Јас тоа што знам е дека треба да победува, да победувам и така треба да биде на секој меч. Само победа“, вели Дончиќ