Му ја украле МВП олстар наградата, па НБА легенда си ја нашол на – онлајн аукција

Легендарниот кошаркар на Детроит Пистонс, Ајзеа Томас се шокирал кога на една онлајн аукција си ја нашол МВП наградата за најдобар кошаркар на олстарот во НБА во 1984 година, која му била украдена уште пред една година.

Томас наградата ја подарил на училиштето каде почнал да ја гради НБА-кариерата, а тој ја подарил на својот учител Пинтагор. Но, лани во ноќта кога Пинтагор починал, во средното школо Сент Џозеф во Весчестер, крадци влегле и го украле трофејот заедно со уште многу други работи.

МВП наградата била изложена во средното школо, па сега Томас откако ја нашол на онлајн аукција побарам да му ја вратат, затоа што е негова.

„Тој трофеј е украден од средното училиште Сент Џозеф во ноќта кога мојот тренер Пинтагор почина. Трофејот е мој, мене ми припаѓа и сакам тоа да го знаете и сакам да ми го вратите“, објавил Томас.

Аукциската куќа Херитеџ објавила дека многу сериозно ги прифатила тврдењата на НБА легендата и во моментов се води истрага за случајот.