„Морам да го исфрлам порното од мојот живот!“

Кога и да го споменеме името на кошаркарот Ламар Одом секогаш мора да биде некоја интересна приказна. Неговиот живот е баш како сценарио од филм.

По завршувањето на кошаркарската кариера и се препушти на дрогата и алкохолот, а тоа за малку не го чинеше живот. Како што и самиот вели зависник е на секс, слатки работи и порно - филмови.

Сепак, веќе подолг период Одом живее нормален живот. Дрогата и алкохолот се негово минато, а откако беше исфрлен од тимот за кој играше во Биг3 лигата поради непрофесионален однос кон обврските, одлучи уште некои непотребни работи да ги исфрли од секојдневна употреба.

Ќе ги исфрлам слатките работи и порниќите. Се обидувам да бидам подобар, изјави кусо Одом.

Легендарниот кошаркар во НБА кариерата најдобрите денови ги мина во дресот на Лос Анџелес Лејкерс, а играше уште за Клиперс, Мајами и Далас.