Монструозна партија на Вестбрук - на праг е да го урне Робертсон! (ВИДЕО)

Вашингтон визарс синоќа славеа со 154-141 против Индијана пејсерс во неверојатен натпревар, а на паркетот главна улога повторно имаше неверојатниот Расел Вестбрук, кој стигна до нов трипл-дабл.

Вестбрук продолжи да доминира во НБА-лигата, па постигна 14 поени и имаше 21 скок и 24 асистенции на натпреварот, а тоа е вторпат во неговата кариера да има повеќе од 20 скокови и асистенции во еден меч.

Ова беше негов 32. трипл-дабл во сезоната, односно 178. во кариерата и е на добар пат да го урне Оскар Робертсон, а за тоа ќе му бидат потребни уште четири вакви постигнувања на натпреварите.