„Момци, гледате ли Јутјуб? Погледнете кој бил Мајкл Џордан“ (ВИДЕО)

Видеото во кое најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан, игра кошарка со непознати момци брзо се рашири на социјалните мрежи.

Иако има 57 години, „неговото летечко величество“ покажа класа во незаборавната забава на еден локален терен.

На крајот, тој им дофрли своите противници во свој стил.

Дечки, гледате ли на Јутјуб? Погледнете кој бил Мајкл Џордан, се пошегува легендарниот НБА кошаркар.

Ова видео го сподели и Берон Дејвис, еден од најдобрите плејмејкери на почетокот на новиот милениум.

Мајкл Џордан сè уште може да игра во лигата. Тој е брз како Џарид Дадли, напиша Дејвис на Твитер.