Македонецот Јакимовски блесна во триумфот на Вашингтон по три продолженија (ВИДЕО)

Еден од најталентираните македонски кошаркари, Андреј Јакимовски, продолжи со одличните настапи во НЦАА-лигата во дресот на Вашингтон стејт универзитетот откако вчера им помогна да слават по три продолженија против незгодниот Стенфорд со 85-76.

Јакимовски мина вкупно 51 минута на паркетот, а притоа успеа да постигне 11 поени, девет асистенции и шест скокови, а неговиот тим славеше дури по навистина луд натпревар со дури три продолженија.

Вашингтон има 14 победи и 10 порази во моментов и се наоѓа во дивизијата Пацифик 12.