Лејкерс потпиша четиригодишен договор со дебитант!

Лос Анџелес Лејкерс ангажира нов тренер по разочарувачката сезона, па така на кормилото на клубот ќе седне Џеј Џеј Редик.

Новинарот на „ЕСПН“, Адријан Војнаровски објави дека Редик потпишал четиригодишен договор со Лејкерс.

Редик ја заврши кариерата во 2021 година во дресот на Далас, а во минатото играше и за Њу Орлеанс, Филаделфија, Лос Анџелес клиперс, Милвоки и Орландо.