Лејкерс ги нудат Кузма и Калдвел-Поуп буквално на сите тимови во НБА

Кајл Кузма и Кентавиус Калдвел-Поуп дефинитивно немаат иднина во таборот на Лос Анџелес лејкерс и се првите на листата за „трејд“. 

 Според познатиот новинар Адријан Војнаровски, Лејкерс ги понудиле овие двајца кошаркари буквално на сите тимови во лигата. 

„Тие буквално ги имаат понудено Кајл Кузма и Кентавиус Калдвел-Поуп на сите тимови со кои имам разговарано во лигата. Понудата била различна комбинација или поединечно секој играч или двајцата во пакет“, вели Војнаровски. 

Челниците на Лејкерс очигледно не се задоволни од двајцата кошаркари кои се најплатени во тимот веднаш зад првите две ѕвезди Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.