Легенда на Бостон му даде нов прекар на Дончиќ

Лука Дончиќ сезонава игра фантастично во НБА-лигата, а Пол Пирс реши да му даде прекар на словенечкиот кошаркар.

Поранешниот кошаркар на Бостон селтикс работи како ТВ-аналитичар и е воодушевен од Словенецот.

Тој го нарече „Ту изи“, односно „премногу лесно“, кој го носеше поранешниот кошаркар Барон Дејвис.

„Негов нов прекар може да биде токму тој. Со голема почит кон Дејвис, кој така го нарекувавме, но тоа што го прави Лука на паркетот изгледа многу лесно“, кажа Пирс.

Дончиќ е предводник на Далас сезонава, а во просек постигнува по 30,3 поени, 10,1 скокови и 9,2 асистенции.