Леброн Џејмс им упати порака на сите хејтери: Само вие зборувајте... (ФОТО)

Лос Анџелес лејкерс покрај Леброн Џејмс и Ентони Дејвис за следната сезона се засили со Расел Вестбрук и со Кармело Ентони, како и со уште неколку ветерани. 

Многумина почнаа да ги критикуваат Лејкерс поради нивната старост и фактот дека никогаш нема да функционираат толку ѕвезди во еден тим. Леброн Џејмс синоќа се огласи на социјалните мрежи и ги предупреди „хејтерите“.

„Продолжете да зборувате за мојот тим, нашите години, начинот на кој играме, дека сме далеку од нашите најдобри партии во лигата и така натаму! Направете ми услуга, ве молам и навистина мислам, ве молам! Продолжете со тој говор и енергија кога ќе почнат натпреварите. Тоа е сè што барам“, напиша Џејмс. 

На крајот од следната сезона ќе видиме кој бил во право, навивачите и експертската јавност која критикува или Леброн Џејмс.