Леброн доби тужба поради кражба на фотографија!

Најдобриот кошаркар на денешницата, Леброн Џејмс, доби тужба поради објавена фотографија на социјалните мрежи.

Имено, фотографот Стивен Мичел ја тужи НБА - ѕвездата за објавување негова фотографија без дозвола, па поради тоа Леброн се соочува со голема парична казна.

Станува збор за фотографија на која забива преку Мејерс Леонард, на натпревар против Мајами, но за тоа не добил никаква дозвола. Поради прекршување на авторските права Мичел бара 150.000 долари од „Кралот“.