Леброн беше расположен во поразот на Лејкерс, Дончиќ постигна 21 против Њујорк (ВИДЕО)

Минатата ноќ во НБА-лигата беа одиграни девет натпревари, а ноќта ја одбележа Леброн Џејмс, кој блесна на паркетот, но не беа доволни неговите поени за Лос Анџелес Лејкерс.

Лејкерс имаше лоша ноќ, па загуби од Сакраменто кингс, иако Леброн постигна дури 34 поени во противничкиот кош.

Ноќта ја одбележа и Дејонте Мареј, кој оствари трипл-дабл во поразот на Сан Антонио против Хјустон (124-128). Мареј постигна 31 поен, 10 скокови и 11 асистенции, но за жал тоа не беше доволно за неговата екипа.

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ стигна до дабл-дабл со 21 поен, 11 скокови и пет асистенции минатата ноќ, но Далас маверикс загуби од Њујорк никс со 85-108.

Резултати:

Индијана – Бостон 100-119
Филаделфија – Шарлот 98-109
Атланта – Мајами 91-115
Њујорк – Далас 108-85
Сан Антонио – Хјустон 124-128
Јута – Кливленд 91-111
Чикаго – Бруклин 112-138
Сакраменто – Лејкерс 125-116