Кратко ќе трае американската авантура: Ембид сега сака да игра за Камерун

По двегодишната одисеја и темелното разгледување чиј репрезентативен дрес да го облече, центарот на Филаделфија, Жоел Ембид лани доби американско државјанство и можност да игра за оваа селекција на Олимписките игри во Париз.

Сепак, ако се земат предвид неговите последни изјави, учеството во националниот тим ова лето може да биде прво и последно за него. По синоќешниот триумф против Србија, тој најави дека дека ја разгледува можноста во иднина да настапува за родниот Камерун.

„Имам добро искуство, далеку сум од дома, но се е полесно со оваа група играчи. Париз е прекрасен град, следните Игри се во Лос Анџелес и можеби таму нема да бидам со американскиот тим, туку со Камерун“, порача Ембид.

Кошаркарската репрезентација на Камерун никогаш не играла на олимписки игри, ниту на светски првенства, а најголемиот успех ѝ е второто место и сребрениот медал на Афробаскетот во 2007 година.