Кошаркарите од НБА се „мали деца“ во однос на порно ѕвездите од Онлифанс!

Кошаркарите во НБА заработуваат енормни пари изразени во милијарди долари, но тие се „мали деца“ во однос на порно ѕвездите кои објавуваат големи фотографии и видеа на мрежата Онлифанс.

Најплатен во најсилната лига на светот е Стив Кари, кој минатата сезона имал плата од 51,9 милиони долари, додека зад него се Кевин Дурант со 47,64 милиони долари односно Леброн Џејмс со 47,6 милиони долари. Сите, пак, кошаркари во НБА заработиле вкупно 4,9 милијарди долари, што е далеку помалку од сите „членови“ на Онлифанс, кои инкасирале 6,6 милијарди долари.

Иако има порно ѕвезди кои месечно заработуваат и по неколку милиони долари, објаснувањето за разликата од 1,7 милијарди долари е дека на Онлифанс има неспоредливо повеќе девојки кои се соблекуваат отколку што НБА има кошаркари.