Кошаркар на Лејкерс ќе биде шампион дури и Мајами да победи во финалето

Лос Анџелес лејкерс и Мајами ќе ги одмерат силите во големото финале во НБА-лигата, што почнува во среда.

Еден кошаркар од актуелниот ростер на Лејкерс ќе биде шампион, без разлика ако неговиот тим загуби од Мајами. Се работи за Дион Вејтерс, кој актуелната сезона ја почна во дресот на Хит, но откако беше отпуштен поради недисциплина премина во редовите на тимот од Лос Анџелес.

Вејтерс сигурно добива шампионски прстен, само не знае со чиво лого ќе биде истиот. Според правилата на НБА-лигата тој има право да добие шампионски прстен и од Мајами и од Лејкерс.