Кошаркар на Голден Стејт остана седум секунди на паркетот и направи голема афера (ВИДЕО)

Ѕвездата на Голден Стејт вориорс, Дрејмонд Грин настапи само седум секунди против Кливленд кавалирс и тоа само затоа што сакаше да го поздрави Клеј Томпсон на неговиот кам-бек на теренот по долго време поради повреда.

Грин беше повреден, па влезе на паркетот само да се поздрави со неговиот ривал и направи прекршок, по што замина на клупата и тоа може да се претвори во голема афера, а причина се обложувалниците кои доживеале милионски загуби.

Американските медиуми пишуваат дека многу луѓе се обложиле Грин да постигне помалку поени, асистенции и скокови под одредена граница, па на крајот задоволно триеле раце бидејќи кошаркарот „играше“ само седум секунди.

Обложувалниците кои загубиле многу пари во моментов бараат начин како може да се поништат тикетите и бараат доказ дека клубот се договорил со кошаркарот да настапи само неколку секунди.