Комесарот на НБА лигата нема намера да го скрати плејофот

Новинарот кој секогаш е добро запознаен со случувањата во НБА лигата, инсајдерот на ЕСПН, Адријан Војнаровски, објави дека дека комесарот во најдобрата лига Адам Силвер не размислува да го намали бројот на натпревари во плејофот, доколку сезоната продолжи.

НБА лигата има за цел да ја продолжи сезоната по суспензијата во март поради пандемијата на коронавирус.

Адам Силвер сака плејофот да се одржи во форма прв до четири победи. Тој не сака да ја намали серијата. Тој има желба да се обиде да го легитимира статусот на шампион, напиша Војнаровски на социјалните мрежи.

Најверојатно сценарио е да се доигра преостанатиот дел од сезоната почнувајќи од јули.