Кокошков замина од клупата на Фенербахче за да го тренира Дончиќ во Далас

Игор Кокошков повеќе не е тренер на турскиот гигант Фенербахче. Српскиот стратег е на добар пат да се врати во НБА-лигата, бидејќи би требало да му биде асистент на новиот тренер на Далас маверикс, Џејсон Кид. 

Кокошков има големо искуство во најсилната кошаркарска лига во светот, бидејќи беше главен тренер на Феникс санс нецела сезона, а беше асистент во Сакраменто, Лос Анџелес клиперс, Детроит, Кливленд, Орландо и Јута.

Тој сега повторно ќе соработува со Лука Дончиќ. Кокошков е поранешен селектор на Словенија под чие водство оваа репрезентација го освои Европското првенство во 2017 година.