Канада ја слави шампионската титула: Хероите на Торонто ги поздравија навивачите (ВИДЕО)

Околу два милиони луѓе излегоа на улиците на Торонто да ги поздрават новите шампиони во НБА-лигата.

Торонто славеше со 4-2 во финалната серија против Голден Стејт вориорс, па така ја освоија првата титула во историјата на франшизата.

По победата на Торонто во шестиот меч во „Оракл Арена“ следуваше голема прослава на улиците на Торонто, а денеска во градот во Канада беше одржана парада, а огромен број луѓе излегоа на улиците да ги поздрават своите херои.