Каде оди светот: Куба првпат во историјата ги победи Американците во – кошарка!

Репрезентацијата на САД загуби во ноќешниот меч од второто коло во квалификациите за ФИБА Америка купоти тоа во пресметката со Куба (67-81), за која ова беше прв триумф во историјата на овој спорт.

Кубанците беа предводена од центарот на Макаби Тел Авив, Хасиел Риверо, кој беше на чекор до дабл-дабл со учинок од 11 поени и девет скока, а треба да се истакне и одличната партија на Педро Бомбино, кој постигна 19 поени. Мора да се напомене дека Американците настапија можеби со десеттиот по квалитет состав во моментов, без играчи од НБА, но секако треба да се истакне дека се работи за квалитетни кошаркари кои настапуваат во Џи-лигата.

Но, тоа не беше доволно да се победат Кубанците по вторпат во само неколку дена. Покрај САД и Куба, во групата Д се и Бахамите и Порторико.