Јута направи чудо – со пет поени во последните 13 секунди го урна шампионот (ВИДЕО)

Кошаркарите на Јута џез ја добија големата драма на домашен терен против Голден стејт вориорс (124-123) во меч во кој во последните 13 секунди постигнаа пет поени и направија огромен пресврт за триумф против силниот ривал, кој веќе си ја имаше запишано победата.

„Воините“ имаа 123-119, но одиграа очајно во клучните моменти па прво дозволија да примат тројка, за потоа при водство од еден разлика на седум секунди до крајот веднаш ја загубија топката што Фонтекио го казни со забивање за победа.

Кларксон со 22 поени беше најефикасен кај домашните, додека кај екипата на Голден Стејт, Пул постигна 36 поени.