Јокиќ со луда асистенција ги шокира ривалите, ама и - својот соиграч (ВИДЕО)

Најдобриот кошаркар во НБА за минатата сезона, Никола Јокиќ, беше најзаслужниот за ноќешниот триумф на Денвер нагетс на домашен терен против Сан Антонио спарс (102-96), откако средбата ја заврши со 32 поени и 16 скока.

Но, по средбата, американската јавност повеќе пишуваше за неговото лудо додавање со кое не само што ги збуни противниците, туку и својот соиграч.

Србинот играше центарски на една страна од теренот и кога сите очекуваа сам да тргне кон кошот, тој одеднаш се реши за асистенција на спротивната страна, каде што беше Мајкл Портер, кој ниту самиот не очекуваше дека топката може да дојде до него. Но тоа не го спречи една секунда подоцна да постигне тројка, која предизвика еуфорија на клупата на „нагетси“.