Јокиќ со ѕверски настап му донесе триумф на Денвер (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер нагетс им се вратија на победите, откако вечерва триумфираа против Њујорк никс со 113-99 во „Медисон Сквер Гарден“, а вечерта ја одбележа Србинот Никола Јокиќ, кој блесна и постигна 32 поени.

Денвер доминираше на паркетот во Њујорк, па на полувреме замина со високи +11 (60-49), по што предноста на тимот на Јокиќ достигна +26 (92-66) во третата четвртина. Домаќинот во последните 12 минути не успеа да се врати во мечот и загуби со 99-113.

Јокиќ блесна на натпреварот и постигна 32 поени, 11 скокови и пет асистенции, додека кај Њујорк најдобар беше Џулиус Рендл со 24 поени, седум скокови и осум асистенции.