Јокиќ со 34 поени го наполни Клиперс, Денвер се избори за мајсторка (ВИДЕО)

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ одигра одличен натпревар за Денвер нагетс и го предводеше до трет триумф во плејоф-серијата против Лос Анџелес Клиперс (111-98), па се избори за мајсторка.

Клиперс тргнаа жестоко во мечот и првата четвртина ја добија со 34-26, по што продолжија во одличен ритам до крајот на првото полувреме и на паузата заминаа со водство од 63-47.

Во второто полувреме Денвер се разбуди и се врати во игра откако ја доби третата четвртина со 30-16, по што следеше доминација во последниот период и на крајот триумф од 111-98.

Јокиќ беше најефикасен во мечот со 34 поени за Денвер, а притоа имаше и 14 скокови и седум асистенции, додека кај Клиперс најдобар беше Пол Џорџ со 33 поени, шест скокови и три асистенции.