Јокиќ може сѐ, дури и да погоди тројка од центар (ВИДЕО)

Уште по првото полувреме од мечот против Атланта беше јасно дека Никола Јокиќ ќе има нова блескава вечер.

На голем одмор замина со 25 постигнати поени, а Денвер водеше со 71-48. Круна на фантастичната игра во тие 12 минути беше тројката постигната од половина терен со звукот на сирената и тоа преку Клинт Капела.

 

 

Тројката помина низ обрачот „без коски“, а Јокиќ се однесуваше како да не направил ништо посебно и не го ни прослави кошот.