Јокиќ го напушти теренот, па се врати - Денвер доживеа дебакл (ВИДЕО)

Шампионот на НБА лигата Денвер Нагетс претрпе убедлив пораз на гостувањето кај Сакраменто откако загуби со 106-135.

Само во првата четвртина тимот од Колорадо беше конкурентен и водеше со 35-32, се понатаму помина во знакот на Кингс. Освен тоа, навивачите на Денвер останаа загрижени поради Никола Јокиќ кој во првото полувреме го напушти теренот и замина во соблекувална. Се претпоставува дека причина за тоа е ударот со лакт во бутниот мускул, но Србинот за кратко време се врати на теренот и го доигра мечот.

Сакраменто го реши победникот во втората и третата четвртина кои ги доби со 74-51, па финалните 12 минути останаа само формалност. И покрај тоа што играше само 30 минути, Јокиќ беше најдобар стрелец во својата екипа со 23 поени на кои додаде 8 скока и 7 асистенции. Монк го предводеше Сакраменто со 23 поени, а Сабонис оствари трипл дабл со 17 поени, 17 скока и 10 асистенции.

По овој пораз, Денвер падна на четвртата позиција во Западната конференција, но таму борбата за првото место ќе се води до крајот на основниот дел затоа што Минесота, Оклахома и Лос Анџелес Клиперс се мошне блиску и секој натпревар одлучува за пласманот.

РЕЗУЛТАТИ
Филаделфија - Атланта 121-127
Бостон - Вашингтон 133-129
Торонто - Хјустон 107-104
Милвоки - Шарлот 120-84
Сакраменто - Денвер 135-106
ЛА Лејкерс - Њу Орлеанс 139-122