Јокиќ е чудо: Трет трипл-дабл по ред и овој историски (ВИДЕО)

По Ол-стар викендот, Никола Јокиќ игра во неверојатна форма и ноќеска го оствари третиот трипл-дабл по ред.

Денвер го победи Голден Стејт со 119-103, а Србинот го оствари 18. трипл-дабл сезонава и вкупно 124. во кариерата, постигнувајќи 32 поена, 16 скока и 16 асистенции. Со тоа стана првиот кошаркар во историјата кој на три натпревари во низа имал најмалку 14 скока и 14 асистенции, а во исто време е прв кошаркар во постоењето на НБА со статистика 32/16/16 и 4 украдени топки.

Голден Стејт подобро го отвори натпреварот, водеше речиси цело прво полувреме и имаше највисоки +16 (56-40), но поради серијата од 14-0 на Денвер, на пауза се замина со нерешен резултат (61-61). Заедно со стартот на третиот квартал, серијата се искачи на 28-4 за +10 за Нагетс во тој период, но решавачка беше последната четвртина која му припадна на гостинскиот тим со 28-16 за конечна убедлива победа.

Покрај Јокиќ, се истакна уште Мареј со 27 поени, додека во тимот на Голден Стејт, Томпсон постигна 23 поени, Кари 20 и Куминга 19 поени.

РЕЗУЛТАТИ
ЛА Клиперс - Сакраменто 107-123
Портланд - Шарлот 80-93
Јута - Сан Антонио 128-109
Њу Орлеанс - Чикаго 106-114
Голден Стејт - Денвер 103-119
Хјустон - Оклахома Сити 110-123
Атланта - Орландо 109-92
Вашингтон - Кливленд - 105-114
Индијана - Далас 133-111
Феникс - ЛА Лејкерс 123-113
Филаделфија - Милвоки 98-119