Јанис е заинтересиран да купи еден од грчките гиганти, Панатинаикос или Олимпијакос

НБА-ѕвездата Јанис Адетокумпо би сакал да купи еден од грчките кошаркарски гиганти, Панатинаикос или Олимпијакос, но не верува дека газдите се расположени за продажба. 

Репрезентативецот на Грција беше запрашан за ова за време на Ф4 турнирот од Евролигата во Берлин, каде настапуваат и двата грчки гиганти. 

„Би можел да купам тим ако се на продажба, но мислам дека сопствениците господинот Јанакопулос и господинот Ајелопулос се заинтересирани за продажба“, рече кратко кошаркарот на Миловки.

Во својата НБА-кариера, Јанис дефинитивно има заработено доволно пари за да влезе во една ваква инвестиција, но барем засега останува само кошаркар.