Ирвинг ја продолжи војната со навивачите на Бостон: Мислев дека ќе бидат погласни

Иако порано беше член на Бостон, Кајри Ирвинг е еден од најомразените ликови за навивачите на Селтикс.

Причина за тоа е ситуацијата од пред неколку години кога влезе во вербален дуел со нив и потоа намерно го згазна логото на франшизата на центарот на ТД Гарден. Со оглед на важноста на синоќешниот меч, јасно беше дека Ирвинг ќе биде под голем притисок, но по натпреварот, искусниот плејмејкер ги пецна домашните навивачи.

„Тоа е кошарката, навикнат сум на вакво опкружување. Порано во мојата кариера имав поинаков однос со Бостон, сега сум тука како ветеран и исто е. Да ви кажам најискрено, очекував дека ќе бидат малку погласни, а тоа важи и за вториот натпревар“, рече Ирвинг по мечот.

Синоќа тој имаше меч за заборав, постигна 12 поени со катастрофален шут од игра - 6/19.