Ирвинг им се налути на Американците, ќе игра за друга репрезентација!?

Селекторот на САД, Стив Кер не го повика Кајри Ирвинг за Олимписките игри во Париз, а тоа го разочара американскиот кошаркар кој размислува да ја промени репрезентацијата.

Американските медиуми пишуваат дека Ирвинг би можел да го облече дресот на Австралија, поради тоа што е роден во Мелбурн.

Ирвинг сепак има 32 години во моментов, а до следните Олимписки игри остануваат уште четири години, па не е познато дали ќе биде во добра форма за настап на големиот турнир.