Има милиони, слава, шампионски прстен, но постојано размислува за самоубиство (ВИДЕО)

Кевин Лав важи за еден од најдобрите кошаркари во НБА-лигата. Има успешна кариера веќе 12 години во најсилната кошаркарска лига, но крилниот центар отворено зборува и за своите психички проблеми. 

Лав веќе пред извесно време јавно призна дека планирал самоубиство, а во најновото интервју навлегува подлабоко во своите психички проблеми. 

„Кога доаѓаш до точка во животот кога секој ден ти изгледа исто, доаѓаш до моментот кога низ глава ти се вртат самоубиствени мисли. Почнуваш да размислуваш за тоа и како би го направил. Тоа беа страшни моменти во мојот живот, но добро е тоа што на интернет ако почнеш да бараш такви работи, се појавува Националниот центар за спречување на самоубиства. Беше застражувачки само да размислуваш за тоа како да си го одземеш животот, во 2012 година планирав да се самоубијам. Често размислував за тоа“, рече Лав.

Кошаркарот имал голема социјална анксиозност и бил депресивен. Се затворал во својот дом и понекогаш не ни излегувал од една соба. Луѓето и навивачите очекувале многу од него, но никој не знаеп што му се врти низ глава. Најтешко му било кога доживеал повеќе повреди во серија и кога седел дома беспомошно.

„Кошарката беше мојот безбеден простор. Тоа е нешто што сакам да го правам и уживам во тоа, но тогаш дојдоа повредите. Ми беше многу тешко“, додава актуелниот кошаркар на Кливленд.

Тој никогаш не се обидел да изврши самоубиство, но признава дека и до ден денес размислува за тоа.

„Некој кој некогаш размислувал на тоа и понатаму му доаѓаат такви мисли од време на време. Јас научив како искрено да зборувам за ова. Ми стана јасно дека ништо не те прогонува како работи за кои не зборуваме и ги држиме во себе. Додека во себе ги чував работите си правев само штета сам на себе. Многу луѓе се борат со такви мисли. Што повеќе луѓе зборуваат за овие работи отворено, на сите ќе им биде многу подобро“, додава Лав.

Тој беше драфтуван во НБА-лигата како петти пик од Минесота во 2008 година. Во овој тим играше до 2014 година, кога се пресели во редовите на Кливленд и формираше одлично трио со Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг. Во 2016 година стана шампион за прв пат во својата кариера.

Целосното интервју на Кевин Лав.