И на најдобрите им се случува: Јокиќ го одигра најкатастрофалниот меч во кариерата

Една од главните причини за дебаклот на Денвер Нагетс лежи во очајната игра на Никола Јокиќ на вториот натпревар.

Тимот од Колорадо ја оствари својата цел и со брејк се враќа дома, но тоа не може да го покрие фактот што Јокиќ одигра катастрофално лошо, всушност најлошо откако е во НБА лигата. Кога ќе се земе предвид крајната статистика, тоа можеби и не делува толку ужасно бидејќи постигна 17 поени, осум скока и шест асистенции што е под неговиот просек, но не делува катастрофално.

Сепак, тој од игра шутираше 6/16 од игра, беше надигран од противничките центри, но и губеше топки, ништо не му одеше од рака и најважно од се, беше многу нервозен. Тоа и беше причината што теренот го напушти во третата четвртина поради шест лични грешки.

Податокот кој потврдува колку навистина одигра лошо е статистичката категорија +/- што кај него изнесуваше -36. Тоа е негов најлош ефект во кариерата, сметајќи ги натпреварите и во основниот дел од сезоната и од плејофот.