
Хјустон со подвиг каков што досега немало во ниту еден спорт во САД (ВИДЕО)
Ова е историска серија на „ракетите“, но не поради бројката победи која сѐ уште е само едноцифрена, туку поради фактот што таа доаѓа по најцрниот период на клубот. Ова е првпат во било кој професионален спорт во САД, некоја екипа да има ваква победничка низа откако претходно имала дури 15 порази по ред.
Ветеранот Ерик Гордон и Кристијан Вуд со по 23 поени беа најзаслужни за триумфот на Хјустон, додека на противникот не им помогна ниту фантастичниот Брендон Инграм, кој средбата ја заврши со 40 постигнати поени.
РЕЗУЛТАТИ: Кливленд-Јута 108-109, Атланта-Шарлот 127-130, Торонто-Вашингтон 102-90, Хјустон-Њу Орлеанс 118-108.