Харден отстранет од тимот: Хјустон преговара за негов трејд

Џејмс Харден се чини утринава го одигра последниот натпревар за Хјустон во својата кариера. 

По поразот од шампионот Лос Анџелес лејкерс, кошаркарот на Рокетс имаше изјава со која очигледно се прости од тимот. 

„Го сакам овој град. Направив буквално сè што можев да направам. Оваа ситуација е луда. Мислам дека ова е нешто што не може да се поправи. Благодарам“, рече Харден на прес-конференцијата.

Ѕвездата денеска не се појави на тренинг на тимот, а тренерот Стивен Сајлас објасни зошто.

„Мислевме дека е најдобро за тимот и за Џејмс тој да не дојде денеска на тренинг“, рече Сајлас.

Шпекулациите низ американските медиуми се дека Хјустон веќе разговара со Филаделфија и Бруклин за евентуален трејд на Џејмс Харден