Фантастично шоу во Лос Анџелес на стартот: Каваи подобар од Џејмс (ВИДЕО)

Лос Анџелес клиперс го совлада тимот на Лос Анџелес лејкерс со 112-102 на стартот од новата сезона во НБА-лигата.

Двата тима прикажаа фантастична кошарка и со засилените ростери исто така докажаа дека ќе се борат за врвот во исклучително силната Западна конференција. Првото дерби на Лос Анџелс му припадна на Каваи Ленар, кој дебитираше во дресот на Клиперс со 30 поени. Дени Грин постигна 28 поени за Лејкерс, додека уште еден новајлија исто така имаше одличен настап, Ентони Дејвис, кој стигна до дабл-дабл од 25 поени и 10 скока. Леброн Џејмс беше близу до трипл-дабл и реализираше 18 поени, 9 скока и 8 асистенции.

Актуелниот шампион Торонто репторс одбраната на титулата ја започна со триумф од 130-122 против Њу Орлеанс по едно продолжение. Паскал Сијакам одигра фанастично за Репторс и постигна 34 поени со 18 скока. Фред ван Влит реализираше исто така 34 поени, додека Кајл Лаури реализираше 22 поени. Кај Пеликанс, кој повеќе од еден месец ќе бидат без првиот пик Зајон Вилијамсон, најдобар беше Брендон Инграм со 22 поени.