
„Ер Џордан“ повеќе не се во мода – сега сите (ќе) сакаат да купат патики „Џокер 1“!
Деновиве од Кина дојде веста дека е објавена персонализирана серија патики, кои ќе го носат името на Никола Јокиќ, а ќе бидат од брендот „361“. Веќе е огромен интересот за почетните верзии на спортските обувки „Џокер 1“ и „Џокер 1 ГТ“. Јокиќ кон крајот на минатата година потпиша повеќегодишен договор со компанијата „361“, поради што реши да го напушти тимот на „Најки“.
Со ова дополнително се препознава значењето на Јокиќ во светот на спортот, бидејќи тој сега е во друштвото на НБА ѕвездите како Леброн Џејмс, Џанис Адетокумбо, Кевин Дурант, Стеф Кари, Лука Дончиќ, како и на поранешниот ас Мајкл Џордан, кои имаат персонализирана линија на спортски обувки.