„Џордан ми кажа дека ќе ме претепа, а потоа му се спротиставив и замолче“

Мајкл Џордан беше критикуван по завршувањето на документарецот „Последниот танц“, кој раскажува детали од кариерата на поранешниот кошаркар на Чикаго булс.

Џордан го критикуваа затоа што во сезоната кога го освои шестиот прстен ги малтретирал соиграчите, а дел од нив и често ги понижувал.

Многу кошаркари биле посрамотени од Џордан, а прв кој му се спротиставил бил Роберт Периш, кој како 43-годишен играч пристигна во Чикаго.

„Му реков дека не сум заљубен во него како останатите момци. Имав освоен прстен. Прво Џордан ми кажа дека ќе ме претепа, а потоа му се спротиставив, по што повеќе не ме задеваше“, открива тој.