Џејмс погодува, Дејвис блокира за десетта победа на Лејкерс (ВИДЕО)

Леброн Џејмс и Ентони Дејвис уште една покажаа дека се фантастично дуо во дресот на Лејкерс и по само 12 одиграни натпревари заедно. 

Лос Анџелес славеше победа од 99-97 против ривалот од Калифорнија Сакраменто и тоа благодарение на овие две ѕвезди. Најпрво Џејмс погоди две слободни фрлања на 5,5 секунди до крајот на натпреварот, а буквално во последната секунда Дејвис го изблокира Херисон Барнс за да ја обезбеди победата, што за Лејкерс е десетта сезонава и остануваат на врвот на Западната конференција. 

Џејмс го заврши натпреварот со 29 поени и 11 скока, Дејвис имаше 17 поени, а 16 постигна Кентавиус Калдвел Поуп. Бади Хилд со 21 поен најмногу се истакна во редовите на Сакраменто, додека 18 постигна Богдан Богдановиќ.

Хјустон стигна до шестата победа по ред во НБА-лигата откако со 111-102 јас совлада Индијана. Џејмс Харден уште еднаш одигра ѕверски со 44 постигнати поени, што за него беше петти натпревар на кој постигнал 36 или повеќе поени. 

На останатите натпревари
Шарлот - Детроит 109-106
Орландо - Сан Антонио 111-109
Мемфис - Јута 107-106
Минесота - Вашингтон 116-137
Оклахома - Филаделфија 127-119
Голден Стејт - Бостон 100-105