Џејмс ги водеше Лејкерс до убедлив триумф против Кливленд (ВИДЕО)

Лос Анџелес лејкерс ја забележаа деветата победа по ред во НБА-лигата, откако утринава на домашен паркет во „Стејплс центарот“ го совладаа Кливленд со 128-99.

Домашните кошаркари одиграа неверојатно второ полувреме во кое постигнаа 81 поен, што беше најмногу за Лејкерс во последните 33 години. Леброн Џејмс го водеше победничкиот тим со 31 поен, а дабл-дабл постигна Двајт Хауард со 21 поен и 15 скока. Лејкерс трет натпревар играат без Ентони Дејвис, кој на дуелот со Њујорк падна лошо на грбот, а во составот го немаше ниту Ражон Рондо.

Кевин Лав со 21 поен и 11 скока беше најдобар во редовите на Кливленд, а Тристан Томсон исто така имаше дабл-дабл со 17 поени и 10 скока.

Лејкерс по 40 натпревари сезонава имаат скор од 33 победи и само седум порази.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Детроит - Њу Орлеанс 110-117
Индијана - Филаделфија 101-95
Бостон - Чикаго 113-101
Минесота - Оклахома 104-117
Портланд - Шарлот 115-112
Сакраменто - Орландо 112-114