Џабе и 39 поени на Кари, Индијана без првата петорка ги победи Вориорс (ВИДЕО)

Иако без речиси комплетната прва петорка, Индијана Пејсерс успеа да го изненади вториот најдобар тим на Западот, Голден Стејт Вориорс и да победи со 121-117 и тоа откако Стеф Кари беше брилјантен со 39 поени, а лидерот Феникс дојде и до 35-та победа со триумфот против Далас Маверикс и Лука Дончиќ кој погоди 28 поени во синоќешните мечеви во НБА.

Индијана во Сан Франциско беше без Домантас Сабонис, Мајлс Тарнер, Керис Лаверт и Малком Брогдон, но тоа не беше пречка да успеат да победат, а Џастин Холидеј во последните секунди со тројка избори продолженија, а во дополнителното време серијата 10-0 ги одведе до триумфот.

Кифер Сакс, екс-кошаркарот на Олимпија Милано и Панатинаикос даде пет поени во таа серија за да се обезбеди победата, па така залудни останаа 39-те поени на Кари, кој во продолжението буквално го снема и ги промаши сите четири шута што ги имаше, па за Голден Стејт ова беше 13-ти пораз сезонава и остануваат втори на Западот. Кај Индијана дури седуммина беа со двоцифрен ефект, а ги предводеше Крис Дуарте со 27 поени, Холидеј додаде 16, Ајзеа Џексон погоди 15, Џереми Ламб даде 14, а Гога Битадзе кој ги замени Сабонис и Тарнер имаше учинок од 13 поени со девет скока.

Феникс дојде до 35-та победа после триумфот со 109-101 против Далас Маверикс во мечот на кој одчични три четвртини имаше Дончиќ, но во завршната „исчезна“ и даде само три поени од своите вкупно 28 поени, а толку имаше Девин Букер во победничкиот тим, додека Крис Пол погоди 20.

Њујорк Никс загубија од Њу Орлеанс Пеликанс со 102-91, а Јонас Валанчиунас со 18 поени беше предводник на победничкиот тим, додека кај Никс Ер-Џеј Барет даде 17 поени, а исто толку со 15 скока имаше ефект Мичел Робинсон.