Дурент: Луѓето од нас очекуваат големи победи со 30-40 поени разлика

САД го запишаа вториот триумф на Олимписките игри во Париз, откако го надиграа Јужен Судан со 103-86, а Кевин Дурент постигна само 14 поени, два скока и три асистенции.

Дурент по натпреварот зборуваше за очекувањата на навивачите, кои според него во моментов се превисоки.

„Луѓето од нас очекуваат големи победи со 30-40 поени разлика, но ние ги добивме двата последни меча во просек со по 20 поени“, кажа Дурент.