
Дуел на џиновите: Јокиќ го скроти „Грчкиот Ѕвер“, Денвер му одржа лекција на Милвоки (ВИДЕО)
Никола Јокиќ уште еднаш покажа зошто двапати по ред беше најдобар, предводејќи ги „грумењата“ до посакуваната победа реализирајќи 31 поен (10/20 од поле и 10/11 од слободни фрлања), на кои додаде шест скока и 11 асистенции. Идентичен број поени постигна и Јанис Адетокумпо (13/22 од поле), на кои додаде девет скока и четири асистенции.
Србинот имаше поголема поддршка од соиграчите, пред се од Џамал Мареј со 26 поени и девет асистенции и Мајкл Портер Јуниор со 19 поени, додека кај „елените“ Крис Мидлтон, Брук Лопез и Грејсон Ален додадоа по 13 поени.
РЕЗУЛТАТИ: Атланта – Индијана 143-130, Мајами – Бруклин 100-129, Денвер – Милвоки 129-106, Феникс – Филаделфија 125-105, Сакраменто – Јута 121-113, ЛА Клиперс – Њу Орлеанс 110-131.