Дрим-тимот на Лејкерс стана уште посилен - потпиша и Кармело Ентони

Само неколку денови откако го доведоа Расел Вестбрук, Лос Анџелес лејкерс денеска потпишаа договор со уште една голема ѕвезда, Кармело Ентони.

Еден од најдобрите шутери во историјата на лигата им се приклучува на Леброн Џејмс и Ентони Дејвис во Лос Анџелес. Ентони ќе потпише едногодшиен договор со Лејкерс.

Во кариерата тој играше за Денвер, Њујорк, Хјустон, а последно беше дел од Портланд две сезони.