Дрес на Леброн продаден за 3,68 милиони долари, само двајца спортисти имаат продадено за повисока цена

Дресот на Леброн Џејмс од 2013 година кога со Мајами го победи Сан Антонио со 95-88 и ја освои титулата во НБА, е продаден за неверојатни 3,68 милиони долари.

Леброн со овој дрес постигна 37 поени, 12 скокови и четири асистенци. Дресот е продеден на аукција.

Поголеми суми во минатото достигнале само два дреса. Едниот е на Мајкл Џордан од НБА финалето 1998 кој е продаден за сума од 10,91 милион долари, а другиот е на Марадона од мечот против Англија кој во полуфиналето на СП 1986 даде два гола од кој едниот со рака, неговиот дрес е продаден за 9,28 милиони евра.